Фото: EPA/JAMES ROSS

Ѓоковиќ по пласманот во финалето на АО: Се надевам ми остана енергија за мечот со Алкараз

По уште еден маратонски меч во полуфиналето на Австралија опен, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на турнирот, каде што ќе се бори против Карлос Алкараз за својот 11 грен слем пехар во Мелбурн во недела.

Србинот го совлада Синер, победувајќи го Италијанецот по пет исцрпувачки сета. Така му се одмазди на вториот тенисер во светот по серијата порази во претходните дуели, па Ѓоковиќ конечно ќе биде во ситуација повторно да се бори за долгоочекуваната 25 грен слем титула во кариерата.

– Да бидам искрен, немам зборови. Чувството е нереално! Мечот траеше четири часа, некако ова полуфинале ме потсети на дуелот со Рафа во 2012 година. Квалитетот на тенисот беше исклучително висок. Секогаш е интензивен кога играм против Јаник. Изгубив пет мечеви по ред, тој го имаше мојот број, па морав сам да го сменам (се смее) – беа зборовите на Ѓоковиќ по мечот.

Финалето помеѓу Алкараз и Ѓоковиќ е в недела од 09.30 часот по македонско време:

– Знам дека морам да се вратам во недела и да се борам против најдобрите во светот во моментов. Само се надевам дека имам доволно енергија за мечот со Алкараз – рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во епски дуел го совлада Синер и закажа финале против Алкараз на Австралија опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот