Ѓоковиќ остана без трофејот, Рубљов најдобар на „Србија опен“

Андреј Рубљов со 2:1 во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ/Белград, Србија/24 април 2022/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до 87 титула во кариерата, откако загуби денеска во финалето на „Србија опен“ во Белград од осмиот тенисер во светот, Андреј Рубљов со 2:1 во сетови.

Тоа е 11 титула за рускиот тенисер во кариерата, трета сезонава, а со Ноле сега има меѓусебен скор 1-1.

Српскиот ас не можеше по четврти пат на турнирот да стигне до пресврт, како што тоа го направи претходно во дуелите со Ѓере, Кецмановиќ и Хачанов.

Рубљов го освои првиот сет убедливо со 6:2, па следуваше израмнување, Ѓоковиќ во тај-брејкот беше подобар со 7:4.

И кога можеби сите помислија дека Србинот повторно оди кон нов пресврт, тоа не го дозволи Рубљов кој доминираше и го освои третиот сет без загубен гем (6:0).

– Жал ми е до публиката што сето тоа заврши вака, затоа што придонесовте да стигнам до финалето. Им се извинувам на сите што не видовте поголема борба во третиот сет. За жал, тоа е спорт. Како „мотор“, доколку нешто не работи, тогаш тешко функционира, особено на ова ниво. Честитки Андреј, ти си одлична личност, Белград и Србија те сакаат. Те молам дојди повторно да ја одбраниш титулата – беа зборовите на Ѓоковиќ по финалниот меч.

Лазаров: Ѓоковиќ е најголемиот, иако е помлад од мене, го гледам како идол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот