Гијом Жил повика 23 ракометари пред првиот меч со Македонија на Европското првенство

фото: EPA-EFE/Geir Olsen

Нешто помалку од еден месец ќе почне Европското ракометно првенство во машка сениорска конкуренција кое ќе се одржува во Германија од 10 до 28 јануари 2024 година.

На овој континентален собир ќе учествува и најдобрата македонска репрезентација која ќе игра во групата „А“ заедно со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

Првиот ривал на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде селекцијата на Франција на 10 јануари од 18.00 часот во Диселдорф.

Во септември годинава беше објавено дека токму на првиот меч на ЕП меѓу Македонија и Франција ќе бидеме сведоци на светски рекорд.

Лазаров неодамна го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојното Европскот првенство.

Францускиот селектор Гијом Жил, како што пренесува „Л`Екип“, на својот список има 23 репрезентативци. Секако тука може да се одвојат големи ѕвезди како Никола Карабатиќ, Винсен Жерар, Недим Ремили, Лудовик Фабрегас, Лука Карабатиќ, Дика Мем…

фото: принтскрин/lequipe.fr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот