Ги воодушеви и новинарите во САД: Никола Јокиќ мора да биде МВП

Никола Јокиќ уште еднаш докажа зошто беше МВП за минатата сезона/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Како што наближува крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата започнуваат дебатите за тоа кој треба да ги добие наградите, а главен кандидат за највредната награда МВП признанието за играч на сезоната е центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.
Иако уште неколку кошаркари се во трката за оваа престижна награда, новинарот на на „Спортс Илустрејтед“, Крис Херинг смета дека најкорисен играч во НБА лигата оваа сезона е токму Јокиќ и тој треба да биде прогласен за МВП, а за него тоа беше јасно и пред да се повредат останатите кандидати за ова признание, Леброн Џејмс, Џејмс Харден и Џоел Ембид.
Херинг во текстот „Никола Јокиќ беше МВП цело време“ изнесе бројни статистички податоци кои покажуваат дека центарот на Денвер беше најдобар и кога останатите конкуренти за признанието не беа повредени.

На почетокот Херинг истакнува дека Јокиќ ги подобри своите физички предиспозиции по доаѓањето во НБА лигата.
„Јокиќ прави се што е потребно – постигнува поени и асистира на највисоко ниво во кариерата и сето тоа додека шутира и додава повеќе и поефикасно. Денвер се мачеше на почетокот, но Јокиќ ги одржа на скорот од седум победи и порази притоа забележеувајќи трипл-дабл учинок на сите 14 натпревари“.

Новинарот во својот текст исто така потсетува дека ниту еден центар не бил прогласен за МВП играч на сезоната уште од Шекил О’Нил во 2000 година.
„Не е лошо за спор НБА центар, играч на позицијата која немала МВП кошаркар од 2000 година кога Шекил О’Нил беше најдобар. И не е лошо доколку се знае дека Денвер е вториот најспор тим во лигата, со помалку посед на топката од кој Јокиќ би можел да ги подобри своите бројки“, пишува Херинг во својот текст кој потоа опишува колку Јокиќ е доминантен оваа сезона.

Само малку историски податоци. Сезоната на Јокиќ е меѓу шесте најдобри во историјата на НБА лигата по „плус-минус“ учинокот со кој се мери доприносот на играчот за својот тим додека тој е на паркетот. Пред него се само сезоната на Леброн од 2008/09, три сезони на Мајкл Џордан и МВП сезоната на Стеф Кари. Иако можеби звучи претерано, не е необично кога гледате во се што е успешен Јокиќ во својт тим во кој е најдобар во речиси сите статистички податоци“.
Новинарот на „Спортс Илустрејтед“ нема дилеми дека Никола Јокиќ мора да биде прогласен за МВП играч на сезоната,  а ова признание ќе му избега само доколку се повреди.
„Доколку не се повреди, Јокиќ најверојатно ќе ја добие наградата. Тој доминира во лигата уште од првиот ден од сезоната и е сосема ОК тој да биде МВП“, смета Херинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот