Германски монаси произведоа пиво во прав!

Пиварницата „Нојзелер Клостер“ управувана од католички монаси од Источна Германија го создаде првото пиво во прав во светот. Во нивниот манастир се произведува пиво веќе 400 години, а најпознат производ им е „пивото против стареење“. Сега, сепак, „пивото против стареење“ ќе има опасна конкуренција – многу иновативен пијалок во прав.

Потребно е само да се додаде вода и пивото веднаш да се конзумира, со сета пена. Со оглед на тоа дека 90 отсто од пивото е вода, овој прав ќе биде полесен за транспорт, па трошоците за неговиот транспорт ќе бидат значително помали отколку во случајот со вистинското пиво.

Исто така, неговата употреба може да го намали јаглеродниот отпечаток во индустријата за пиво, бидејќи ќе се троши помалку јаглерод диоксид за негово транспорт, пренесува Каматица.

Она што може да ги разочара љубителите на пиво склони кон експериментирање е веста дека ова пиво е безалкохолно.

Пивото во прав моментално е во фаза на тестирање, а кога ќе биде готово, монасите планираат да започнат со производство и на алкохолната верзија. Сепак, прво ќе почекаат да видат колкава побарувачка има за овој производ пред да продолжат да инвестираат во него.

Нивната цел, како што велат, е да ги подобрат традиционалните техники за производство на пиво со цел во иднина да се минимизира потрошувачката на суровини, енергија и работна сила. Тие не сакаат да воведат нови видови пиво на пазарот, туку да го променат бизнис моделот на пиварниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот