Германски Миеле престанува да произведува машини за перење

Најпознатиот производител на апарати за домаќинство во Германија, Миеле, го суспендира производството на машини за перење во својата главна фабрика во градот Гутерсло во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Германските медиуми како причина за ваквата одлука го наведоа падот на бројот на нарачки. Производителот на апарати за домаќинство мора привремено да го прекине производството на машини за перење во главната фабрика.
Причината за усвојувањето на оваа мерка е значителен пад на нарачките, пишуваат германските медиуми, пренесува Феникс Магазин, пренесува Н1 Инфо. Минатата година компанијата едвај успеа да ја задоволи побарувачката, а наесен норма беше едномесечното чекање. Медиумите пишуваат дека на производството влијае и испораката на делови од добавувачите, а од Миеле велат дека ова е привремена мерка.
Германските медиуми пишуваат дека клиентите мора да бидат подготвени за фактот дека цената на нивните производи би можела да продолжи да расте во тековната година. Компанијата Mиеле вработува околу 11.400 работници во Германија.