Германската влада повикува на солидарност и стравува од национален егоизам

ерманскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска повика на меѓународна солидарност во време кога светот е погоден од пандемија на коронавирус.

– Националните напори што ситуацијата ги бара од секој од нас не смеат да резултираат со спирала на национален егоизам, рече Маас пред состанокот во Г7 што треба да се одржи денеска.

– Приоритетите на германската Влада се да ги координираат нашите активности со нашите партнери ширум светот и да покажеме солидарност каде и да видиме дека можеме да го сториме тоа, рече германскиот министер за надворешни работи за агенцијата ДПА.

Министрите за надворешни работи на Г7, седумте индустриски најразвиени држави во светот, ќе одржат видео конференција попладнево, а една од главните теми ќе биде брзото ширење на пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот