Германската полиција застрела 12-годишно девојче откако ги нападнало со ножеви
Веста за тоа дека полицајци пукале во 12-годишно глуво девојче кое ги нападнало со два ножа предизвика сензација во Германија. Според германски Билд, девојчето е во критична состојба откако било повредено од полициски оган.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Случајот започнал во недела наутро во Бохум кога малолетничката била пријавена како исчезната од нејзиното семејство, кое рекло дека итно ѝ биле потребни лекови бидејќи била болна и глува.
За време на истрагата, откриено е дека детето било со нејзината мајка, која исто така е глува, која го изгубила старателството над неа.
Полицијата отишла во нејзиниот стан во Бохум 30 минути по полноќ во понеделникот.
Бидејќи вратата од станот првично не била отворена, но одвнатре се слушале звуци, полицијата повикала бравар. Пред да пристигне браварот, мајката им ја отворила вратата на полицајците околу 1:30 часот наутро. Кога полицајците го претресле станот, наишле на 12-годишно девојче, кое им се приближило со два ножа во рацете. Потоа полицајците го застрелале девојчето.
Полициските службеници пружиле прва помош додека не пристигнале болничарите. Лекар од итната помош ја пренел 12-годишната девојка во блиската болница. Според „Билд“, таа во тој момент била во критична состојба. Нејзината точна состојба сè уште не е јасна.


