Германците потврдија: Томовски од следната сезона најверојатно во Вардар 1961!

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Уште од претходно се најавува враќање на репрезентативниот голман во Македонија, поточно во редовите на двократниот европски шампион Вардар 1961.

Мартин Томовски кој изминатиот период со националната селекција имаше репрезентативни обврски во квалификациите за ЕП, на клупски план ги брани боите на бундеслигашот Лудвигсхафен.

Пред да се пресели во Германија, 23-годишниот чувар на мрежата настапуваше за скопски Металург. Германскиот Лудвигсхафен денеска на својот официјален клупски сајт објави дека Томовски се враќа во Македонија следното лето и најверојатно ќе игра за Вардар 1961.

Управниот директор на клубот Лудвигсхафен, Лиза Хелер вели дека Мартин е млад голман со голем потенцијал.

– Доколку ја прифати понудата од интернационално успешниот врвен клуб во неговата земја, тоа е исто така разбирливо во однос на неговите амбиции во националниот тим и зборува за сработеното тука – вели Хелер.

Воедно Томовски зборуваше за двата меча против актуелниот светски шампион Данска против кој остваривме голема победа во Скопје, но висок пораз во Алборг.

– Одигравме одлично во Скопје, ја изненадивме Данска (33:29). На тој меч не бев на голот бидејќи Никола Митревски беше одличен. Данска триумфираше во вториот дуел со 37:21 на кој бевме малку уморни. Настапив на тој дуел, но не бев задоволен од моите перформанси. Во секој случај, ние ја остваривме нашата цел – се зборовите на Томовски.

Македонија е на чекор од пласман на ЕП, се очекува во април и мај да се потврди тоа на дуелите со Финска и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот