Фото: Фејсбук

Герасимовски се сретна со противкандидатките Ивановска и Среброва: Очекувам нивен придонес за развојот на Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го започна својот нов мандат со несекојдневен потег за македонската политичка сцена, ги покани на средба сите негови противкандидати од изборната трка на разговор за споделување на нивните идеи и проекти од кампањата, а на повикот се одзваа независниот кандидат Билјана Ивановска и Марија Среброва од Левица.

Герасимовски информираше дека на средбата се разговарало за сите важни прашања за Центар, како и за идеите што Ивановска и Среброва ги споделиле во текот на изборната кампања.

„Конструктивен и искрен разговор со моите противкандидатки од локалните избори, Билјана Ивановска и Марија Среброва. За жал, на мојата покана не се одзва Мирослав Лабудовиќ поради работни обврски. На средбата, на која присуствуваше и мојот тим, дискутиравме за сите важни теми и ги слушнавме идеите и предлозите на моите две противкандидатки во изборниот процес. Со оглед на нивните искуства, Среброва како советник во Советот на Општина Центар и Ивановска како поранешна претседателка на ДКСК, очекувам нивен придонес во развојот на нашата општина. Се надевам дека оваа отворена и искрена комуникација ќе продолжи и во иднина, со цел да создадеме заеднички решенија за подобар Центар“, напиша градоначалникот во неговата објава.

На средбата бил повикан и Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ, неговиот противкандидат од вториот круг, но тој не присуствувал поради работни обврски,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот