Георгиевска: Најголема траума за младите е онлајн наставата

Фото: Принтскрин

Најголемата траума кај младите е токму онлајн наставата и сите последици врз менталното здравје младите ќе ги имаат после Ковидот, вели професорката Софија Георгиевска за СТУДИО 10.

Целиот овој процес со дојавите за бомби, Георгиевска вели дека води кон раѓање на една недоверба во системот и затоа младите се повеќе размислуваат да си заминат од државата.

Имаме деца од прво до второ одделение кои не знаат да се вклучат од дома, има семејства со две деца кои немаат доволно ресурси во исто време да следат онлајн настава, додава професорката.

Потенцира дека дојавите за бомби не предизвикуваат стрес само кај учениците.

Мислам дека најголем стрес се предизвикува кај наставниците, особено кај оние кои предаваат во основните училишта на помалите ученици. Тие треба да се справат и со емоциите на помалите деца, во исто време да не информираат нас како родители и да ги однесат децата на безбедно, заклучи Георгиевска.

Министерството за образование и наука донесе одлука да нема прекин на наставата по добиена закана за поставена бомба, наместо тоа, воведе мерка, учениците од основните и средни училишта да се приклучат онлајн. Учениците имаат еден час да стигнат до дома и да продолжат со следење на наставата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот