Геце во дресот на Милан, но под еден услов!

твитер

Овој играч во кариерата ги бранеше и боите на Баерн Минхен, но сега Германецот би можел да го направи и својот прв трансфер во странство.

Откако Борусија Дортмунд официјално објави дека летово ќе се раздели со Марио Геце, веднаш започнаа шпекулациите околу неговата иднина.

Овој играч во кариерата ги бранеше и боите на Баерн Минхен, но сега Германецот би можел да го направи и својот прв трансфер во странство.

Според италијанските медиуми би можел од следната сезона да игра во дресот на Милан, но под еден услов. Во таа можна соработка со калчолигашот Геце мора да прифати помала плата, тој моментно заработува осум милиони евра годишно што за Милан е премногу.

Според најавите Ралф Рангник треба да седне на клупата на „росонерите“, што би било мотив повеќе за овој поранешен светски шампион да соработува со сонародникот.

Во трката за потписот на 27-годишниот фудбалер за врска се и римските ривали, Лацио и Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот