денари
Фото: архива на „Слободен печат“

Гази Баба и Центар со финансиска поддршка на проекти на здруженија и фондации

Општина Гази со средства од општинскиот Буџет за 2026 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации, ќе поддржува креативни, иновативни и одржливи проекти кои треба да придонесат кон унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

Средствата се наменети за проекти од јавен интерес во повеќе приоритетни области, меѓу кои: граѓанско општество и демократизација, човекови права и еднакви можности, здравство, образование и предучилишно воспитание, социјално-хуманитарна дејност, млади, спорт, екологија, информации и меѓународна соработка, информираа од Гази Баба.

Јавниот повик веќе е објавен и ќе трае до 4 фебруари, до кога сите заинтересирани здруженија и фондации од Гази Баба да се пријават.

Јавен повик за финансиска поддршка за здруженија и фондации кои дејствуваат на  нејзина територија објави и Општина Центар, кој ќе трае до крајот на месецов. Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.

Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот