Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Сарма во лозов лист

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес: сарми во лозов лист.

Фото: Приватна архива

– Со доаѓањето на пролетта, природата се буди, а трпезата се збогатува со свежи и ароматични состојки. Еден од најомилените сезонски специјалитети е сармата во лозов лист – лесна, миризлива и исполнета со традиционален вкус што потсетува на домашна топлина и семејни собири. Сармата е препознатливо јадење во македонската кујна. Додека во зима најчесто се подготвува со кисела зелка, напролет добива поинаква освежувачка нота, благодарение на младите лозови листови, кои ѝ даваат карактеристичен и деликатен вкус – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 40-60 млади лозови листови (во зависност од големината)
– 300 грама мелено месо
– 100 грама ориз
– 1 главица кромид
– 1 морков
– магдонос, нане, оригано
– црн бибер, црвен пипер и сол по вкус
– масло за готвење

За прелив:

– малку бело вино (по желба)
– 0,5 кисело млеко
– 3 јајца

Фото: Приватна архива

Подготовка:

1. Лозовите листови измијте ги и кратко бланширајте ги во врела посолена вода (околу 2-3 минути), потоа извадете ги и оставете ги да се изладат.
2. Во тава загрејте малку масло и пропржете го ситно сечканиот морков, па додајте го кромидот и динстајте додека омекне.
3. Додајте го меленото месо и гответе 5-10 минути. Потоа ставете ги оризот и зачините, измешајте убаво и тргнете ги од оган.
4. На секој лозов лист ставете малку од филот и внимателно завиткајте сарми.
5. Наредете ги сармите во тенџере, прелијте ги со топла вода колку да се покријат и поклопете.
6. Подгответе го преливот: Изматете ги јајцата, додајте го киселото млеко и зачинете со малку сол и црн бибер.
7. Гответе во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути. Потоа тргнете го капакот, прелијте со малку бело вино, па со преливот и оставете да се потпечат уште 15 минути.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот