Фото: Приватна архива

Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Марленки

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински сладок деликатес – марленки.

– Бомбици со раскошен вкус на ореви, бисквити и мед, а во срцето – нежно кремасто полнење од бело чоколадо што се топи со секој залак – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 150 г мелени бисквити
– 150 г мелени ореви
– 80 г омекнат путер
– 60 г мед
– 1 лажичка ванила
– 150 г кондензирано млеко

За полнење:

– 100 г бело чоколадо
– 50 г кондензирано млеко

За валкање:

– 50 г мелени ореви
– 50 г мелени бисквити

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во сад измешајте ги мелените бисквити, оревите, путерот, медот, ванилата и кондензираното млеко додека добиете компактна смеса.

Кондензираното млеко стоплете го и соединете го со белото чоколадо за да добиете кремаст фил.

Од смесата формирајте топчиња, сплескајте ги, во средина ставете мало топче од бело чоколадо. Затворете ги и обликувајте бомбици.

На крај, извалкајте ги во мешавина од мелени ореви и бисквити. Оставете ги кратко во фрижидер за вкусовите совршено да се соединат.

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот