Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Лосос со бадеми

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Фото: Приватна архива

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – лосос со бадеми.

– Дефинитивно мојот најпосакуван вкус на лосос, одозгора крцкав од слојот бадеми, внатре сочен со прекрасна комбинација од миксот на вкусови од медот и сенфот. И што е најважно за мене, нема чистење коски додека се јаде риба, се консумира како десерт – вели Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 800-1.000 грама лосос (за четири порции)
– 3 лажици сечкани/мелени бадеми
– лук во прав
– 2-3 лажици сенф
– лажица мед
– сол и бибер по вкус
– сок од лимон

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Лососот се сече на должина и се чистат коските, потоа се сече на долги парчиња, со дебелина од околу 3 см (толку парчиња колку што ви е потребно). Парчињата лосос се редат во тава обложена со хартија за печење, со кожата долу.

Секое парче одозгора се тапка со кујнски хартиен бришач, да се земе водата, потоа се става сол, бибер и лук во прав. Секое парче се премачкува со тенок слој сенф, па врз него се става тенок слој мед. Откако ќе завршите со сите слоеви, врз медот, парчињата се прекриваат со сечканите бадеми (моите бадеми не беа солени, па затоа одозгора им ставив морска сол). Вака подготвени се печат 15 минути во загреана рерна на 220 степени.

Се сервираат во комбинација со ориз, паста или со салата со марула/рукола, секое парче се полева со лимонов сок.

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот