Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Тарт со кајсии и франџипане

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – тарт со кајсии и франџипане.

– Крцкавата путерна кора, кремот со бадеми и кајсиите го прават овој тарт вистинско летно уживање. Кората може да ја направи од вечер и да се лади во фрижидер преку ноќ за да ја скратите подготовката – вели Дијана.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

За кората:

– 100 г путер на собна температура
– 50 г шеќер во прав
– 1 јајце
– 40 г бадемово брашно
– 200 г брашно
– прстофат сол

За кремот франџипане:

– 150 г путер на собна температура
– 100 г шеќер
– 1 лажиче ванила екстракт
– 3 јајца
– 150 г бадемово брашно

Топинзи:

– 6 мали праски
– 20 г ливчиња бадем (опционално)
– шеќер во прав за посипување

Фото: Приватна архива

Подготовка:

* Изматете ги путерот и шеќерот во прав. Додајте го јајцето и изматете да се изедначи. Ставете ги брашната и ванилата и оформете тесто.
* Развлечете го тестото меѓу два листа хартија за печење, на околу 4-5 мм и ставете го во фрижидер на минимум еден час.
* Обложете го калапот за тарт со тестото и со виљушка избоцкајте го тестото на дното на калапот.
* Вратете го во фрижидер на уште еден час.
* Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови.
* Печете ја кората околу 15 минути.

За тоа време подгответе го кремот.

* Изматете ги путерот и шеќерот.
* Додадете ги јајцата и ванилата.
* На крај измешајте го бадемовото брашно во смесата.
* Нанесете го кремот врз кората.
* Одозгора наредете ги кришките кајсии и листовите бадем.
* Печете на истата температура околу 40- 45 минути.
* Наросете шеќер во прав.

Уживајте!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот