Гастон беше „тврд орев“ за Тим, во четвртфиналето и Шварцман!
Се комплетираше и втората четвртфинална двојка на грен слем турнирот во Париз, Диего Шварцман ќе ги одмери силите против Доминик Тим.
Препорачано
Аргентинецот Шварцман ја оправда фаворитската улога против Лоренцо Сонего од Италија триумфирајќи со 3:0 (6:1, 6:3, 6:4) за точно два часа игра.
За полуфинале на „Ролан Гарос“ ќе игра против Австриецот Тим кој потешко од очекувањата го елиминираше 239 рангиран тенисер на АТП листата, Уго Гастон од Франција.
Тим кој е трет носител на турнирот и еден од фаворитите за титулата оваа година за три и пол часа игра забележа победа од 3:2 во сетови 6:4, 6:4, 5:7, 3:6 и 6:3.
Од претходно веќе знаеме дека Рафаел Надал во четвртфиналето ќе се сретне против италијанската сензација во Париз, Јаник Синер.
Останатите два четвртфинални парови ќе ги дознаеме в понеделник кога играат: Фучович-Рублев, Димитров-Циципас, Карењо Буста-Алтмајер и Ѓоковиќ-Хачанов.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


