Галевски: „Медена земја“ е најдобар културен продукт, сметам дека победи просечен филм
Многу поголеми филмови, со поголема логистика, со повеќе пари не успеаја да добијат сериозни награди. Пред се за „1917“, кој доживеа вистинско фијаско. Се случи и преседан во историјата на Оскарите – еден странски филм да добие четири Оскари и тоа најпрестижните. Не треба да жалиме за „Медена земја“, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Владо Галевски, филмски критичар и рецензент.
Препорачано
-Тој останува еден од најдобрите културни продукти на оваа држава и сметам дека ова е можеби максимуот што објективно можеше да се постигне. Да, ние сме пристрасни, се разбира, јас како професионалец ќе се обидам да кажам дека ниту грам не бев пристрасен, затоа што ги изгледав и другите четири во категоријата документарци и објективно сметам дека победи просечен филм- вели Владо Галевски, филмски критичар и рецензент.
Галевски истакна дека за него било очекувано, затоа што тоа е типичен американски продукт и наменет е за американската публика, па дури и Академијата подпадна под некаков притисок на јавноста, каде што главната улога е на американскиот граѓанин, исполнува само некакви стандарди на документаристиката – за разлика од „Медена земја“, „За сама“ итн..


