ГАЛЕРИЈА | Запленети возила ја блокираат пешачката патека кај „Беко“
Пешачката патека во непосредна близина на полициската станица „Беко“ е целосно блокирана за пешаци и велосипеди, откако МВР целиот тој простор го исполнил со повеќе запленети автомобили, а според состојбата во која тие се наоѓаат, може да се претпостави дека дел од нив подолг период „одлежале“ на оваа патека.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На едно од возилата е дури и кренат бришачот – општо познат потег во „сообраќајниот свет“ кога некој автомобил е лошо паркиран и блокира одреден влез, улица или во случајов, пешачка патека, но изгледа кога автомобилот е паркиран од страна на полицијата, блокирањето на тротоар и не е толку сериозен проблем.
Автомобилите се паркирани во неколку реда, со што иако на двете страни од влезот кон полициската станица има поставено метални столбови кои спречуваат блокирање на тротоарот од страна на несовесни возачи, изгледа примарната намена на пешачката патека од каде се влегува во ПС „Беко“ е да биде див паркинг за запленети и службени возила, наместо да биде слободна за минување на пешаци и велосипедисти.
За тоа како изгледа просторот кај полициската станица погледнете од фотографиите на „Слободен печат“.








