Габрово – главниот град на хуморот во Бугарија и на Балканот, веќе ја дочека новата 2023 година
Шеста година Габрово, градот на хуморот во Бугарија, не ја изневери традицијата и ја дочека Новата година прв во светот.
Препорачано
Габрово синоќа ја испрати старата 2022 година со свечен концерт на градскиот плоштад. Жителите на градот Габрово дочекувањето на Новата година ден порано го објаснуваат со својата озлогласена скржавост, бидејќи трошоците за организацијата се помали ден порано, а хонорарите на пејачите се поевтини. За расположението на гостите во Габрово се погрижија познатите бугарски изведувачи Владимир Ампов – Графа и Михаела Филева.
На 30 декември има одлични забави и има многу народ на плоштадот, коментира пејачот Владимир Ампов-Графа.
Еден жител на градот за локалните медиуми изјави дека „не присуствуваме често на такви работи, па луѓето многу уживаат”.
Да се слави порано е габровска шега која не се менува, додаде тој.
Кулминацијата беше одбројувањето и огнометот за да се одбележи доаѓањето на 2023 година.
Габрово ќе биде единствениот бугарски град кој ќе ја дочека новата година двапати за 24 часа, првиот пат на шега, а вториот пат вистински. Веста ја пренесоа сите локални електронски медиуми со неопходната доза хумор.


