Футсалците на Форца го совладаа Енкамп од Андора во прелиминарната рунда во Лигата на шампионите
Денеска во својот прв натпревар од групата А во прелиминарната рунда во футсал Лигата на шампионите македонскиот првак Форца убедливо со 4:0 го совлада Енкамп од Андора.
Препорачано
Турнирот се одржува во Куманово, стрелци на головите беа Рамадани (12:21), Линарес Морено (30:23) и Рамадан кој запиша два погодоци (33:50, 39:06).
Во вториот меч од групата, тимот на Мурата од Сан Марино со 3:1 триумфираше над Ереван од Ерменија.
Следниот меч футсалците на Форца ќе го имаат в четврток (28 август) против составот на Мурата од 20.30 часот.
Форца: Фера, Крстевски, Ривас Миранда, Рамадан, Де Алмеида Постиго, Исаки, Левески, Зекири, Јонузи, Сефери, Мустафи, Линарес Морено. Тренер: Газмед Хисеини.
Доколку Форца го освои првото место на турнирот ќе се пласира во главната фаза од натпреварувањето, поточно во групата 8 каде веќе се двете украински екипи Хит Киев и Аурора тим, а во групата ќе се најде и победникот од групата Ц од прелиминарната фаза каде по првото коло води Силико од Словенија со три бодови, по еден Борас од Шведска и Талина Б.П. од Естонија, а без бодови е турскиот Ванголу.


