Фудбалскиот свет се простува од Антиќ

твитер

Сите екипи во кои работеше или играше легендарниот српски тренер му оддадоа последна почит, а на посебно емотивен начин од него се прости Партизан.

Славното тренерско име Радомир Антиќ, денеска на 72-годишна возраст  по кратко боледување почина во Шпанија.

Целиот фудбалски свет е во тага, сите екипи во кои популарниот „Мистер“ работеше му оддадоа последна почит, а посебно емотивен беше Партизан.

Само еден црно-бел човек ги водеше трите најголеми шпански клубови: Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.
Само еден црно-бел човек има внуци кои во копачки на Партизан трчаат по шпански терени.
Само еден црно-бел човек беше и остана вистински Мистер.
Само еден човек од вечерва „ќе те бодри од онаа страна, Партизане“.
Со неговата смрт, таа љубов не запира.
Вечнаја памјат, Радомир Антиќ.“, се прости од Антиќ, Партизан на преку официјалниот сајт.

Радомир Антиќ фудбалска кариера како играч ја помина во Слобода Ужице, Партизан, Фенербахче, Сарагоса и Лутон.
Беше тренер на Сарагоса, Овиедо, Атлетико Мадрид, Барселона, Селта, Реал Мадрид, Шандонг и Хебеи, а од 2008 до 2010 година беше селектор на селекцијата на Србија со која настапи на Мундијалот 2010 година во Јужна Африка.

Семејството Атлетико Мадрид жали поради смртта на Радомир Антиќ, еден од нашите легендарни тренери. Засекогаш ќе живееш во нашите срца. Почивај во мир“, се прости Атлетико од Антиќ кој му донесе титула на тимот во 1996 година.

На идентичен начин се простија сите екипи во кои работеше Антиќ, а последна почит на Антиќ му оддадоа и Серхио Рамос и Икер Касиљас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот