Фудбалот остана без вистинска легенда: Почина Радомир Антиќ

Денеска по кратко боледување почина Радомир Антиќ.

Фудбалот денеска тагува, на 72-годишна возраст во Шпанија почина Радомир Антиќ, еден од најдобрите тренери во Европа.

Тажната информација ја пренесе неговиот поранешен тим, Атлетико Мадрид.

Атлетико со жалење констатира дека си замина нашиот легендарен тренер Радомир Антиќ. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Почивај во мир“, објави мадридскиот тим кој во 1996 година ја освои титулата под водство токму на Антиќ.

Антиќ најголем дел од тренерската кариера ја помина во Шпанија каде е еден од ретките тренери кои седел на клупата на Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид. Покрај нив ги тренираше и Сарагоса, Овиедо, кинеските Шандонг и Хебеи, а беше и селектор на Србија со која играше на СП 2010 година во Јужна Африка.

Како фудбалер кариерата ја започна во неговиот роден град Ужице, во 1967 година дебитираше за првиот тим на Слобода.

Една година подоцна премина во Партизан, а во играчката кариера која му траеше до 1984 година играше и во Фенербахче, Сарагоса и Лутон.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот