Фудбалер позитивен на коронавирус играше против Тотенхем!

twitter/Tottenham Hotspur

Според протоколот кој е донесен за „рестарт“ на Премиер лигата, само позитивниот играч мора во самоизолација, заедно со членовите на своето семејство..

Последната рунда тестирања открија два позитивни случаи помеѓу премиерлигашките клубови пред враќањето на натпреварите оваа сезона.

Еден од нив е и фудбалер на Норич сити, потврди клубот од „Кероу роуд“. Британските медиуми пишуваат дека позитивниот играч, иако не се знае името, играше пријателски меч против Тотенхем, пред два дена.

Според протоколот кој е донесен за „рестарт“ на Премиер лигата, само позитивниот играч мора во самоизолација, заедно со членовите на своето семејство, додека сите останати, вклучувајќи ги неговите соиграчи и фудбалери на Тотенхем, можат да продолжат со подготовките за продолжување на натпреварувањето.

Во рамките со протоколот на Премиер лигата, играчот сега оди во самоизолација на период од седум дена пред повторно да биде тестиран. Играчот ќе може да продолжи со тренинзи откако неговиот прв тест биде негативен. Клубот нема да го открие неговото име и бара почитување на својата приватност и доверливост на информациите – стои во официјалното соопштение на Норич.

Норич новиот дуел сезонава во Премиер лигата ќе го има на 19 јуни дома против Саутемптон, а истиот ден Тотенхем во дербито на колото ќе го пречека Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот