Фудбалер на Митјиланд итно опериран — разбојници го нападнале со нож
Фудбалерот на Митјиланд, Аламара Џаби, преживеал тежок напад во кој бил избоден со нож, по што итно бил опериран. Веста за нападот врз 19-годишниот играч ја шокираше спортската јавност во Данска, но и пошироко низ Европа.
Препорачано
Од клубот соопштија дека Џаби бил подложен на две операции, по што извесен период поминал во индуцирана кома. Во меѓувреме е разбуден и, според последните информации, неговата состојба е стабилна.
„Аламара Џаби е сериозно повреден по напад со нож, но по двете операции се наоѓа во стабилна состојба. Разбуден е од индуцираната кома и се чувствува добро со оглед на околностите. Клубот е во постојана комуникација со надлежните институции и му дава целосна поддршка нему и на неговото семејство“, информираа од Митјиланд.
Засега не се познати мотивите и деталите за нападот, а полицијата веќе започнала истрага по која се очекуваат повеќе информации. Во моментов, најважно е што Џаби, за среќа, е надвор од животна опасност.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


