Шок за Партизан: Не добил лиценца за настап во Европа
Фудбалскиот клуб Партизан, според информациите на „Спорт Клуб“, не добил лиценца за настап во европските натпреварувања.
Препорачано
Како што се наведува, документацијата на белградскиот клуб содржела одредени пропусти, особено во делот на финансиите и непочитување на роковите, поради што Комисијата за лиценцирање во прв степен донела негативна одлука.
Сепак, за „црно-белите“ останува можноста да поднесат жалба до второстепената комисија, а конечната одлука може да се очекува во текот на мај, доколку клубот поднесе соодветен приговор.
Иако на крајот од март Партизан успеа да ги покрие финансиските долгови и да ја достави апликацијата до Фудбалски сојуз на Србија, кој е надлежен и за УЕФА лиценцирање, проблемите не биле целосно надминати. Продажбата на Андреј Костиќ во Милан за 3,5 милиони евра не се покажала како доволна за стабилизација, па клубот во последен момент обезбедил дополнителни 1,2 милиони евра преку различни извори.
И покрај тоа, очигледно е дека финансиските и административните предизвици продолжуваат, па Партизан сега се соочува со нов сериозен удар во обидот да обезбеди лиценца за настап под капата на УЕФА.


