Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фудбалер на Астон Вила се сели во Саудиска Арабија за 77 милиони евра

Колумбиецот, Џон Дуран ќе стане вториот најскап фудбалер продаден од Астон Вила во клупската историја на клубот од Бирмингем.

Рекордот за најскап трансфер во Астон Вила го држи Џек Грилиш кој во 2021 година се пресели во Манчестер сити за сума од 116 милиони евра, а Дуран сега е пред трансфер од Астон Вила за сума од 77 милиони евра.

Сезонава во редовите на Астон Вила Дуран постигна десет гола, седум во Премиер лигата и три во Лигата на шампионите.

Во редовите на Астон Вила, Дуран дојде пред една година за 20 милиони евра од редовите на Чикаго Фајр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот