Фудбалер доби отказ поради селфи, се фотографирал во маичка од друг клуб

Селфито му донесе отказ на младиот голман/ фото: Инстаграм

Егехан Хас, млад фудбалер на турскиот прволигаш Ескишехир доби отказ бидејќи се фотографирал во теретана со погрешна маичка, односно со маичка од омразен тим.

Хас на својот профил на Истаграм објави селфи фотографија од тренингот и притоа на себе имаше маичка на која пишуваше „ГЛТСРЈ“, што е една од кратенките за екипата на Галатасарај.

Овој потег на 15-годишниот голман на Ескишехир предизвика лавина негативни реакции кај навивачите на овој тим, по што управата одлучи да го отпушти.

– Егехан Хас, еден од фудбалерите на младиот тим на Ескишехир е отпуштен од клубот бидејќи на социјалните мрежи постави слика од теретана на која носи маичка од друг клуб“, објави Ескишехир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот