„Фрлија дамка врз уставноста“ – Марковиќ застана во одбрана на Ѓукановиќ

Со усвојување на сетот закони, меѓу кои е и изменетиот Закон за слобода на вероисповед, парламентарното мнозинство ги прекрши сопствените прописи и „фрли дамка на уставноста и законитоста која траба да се штити во секоја прилика“, вели заменик претседателот на опозициската ДПС и поранеше премиер на Црна Гора Душко Марковиќ.

Марковиќ на својот твитер профил напиша дека Ѓукановиќ, за да ги врати законите на повторно усвојување нема обврска да бара ничија согласност ниту мислење.

-Посебно не на собраниското мнозинство кое ги прекрши и сопствените прописи, фрлајќи дамка на уставноста и законитоста која треба да се штити во секоја прилика, напиша Марковиќ.

Поранешниот премиер на парламентарното мнозинство му порача дека претседателот на Црна Гора на ваква одлука е овластен со Уставот, и тоа како орган на власта, кој како што вели, директно произлегува од волјата на народот и чии интереси е должен да ги заштити.

Ѓукановиќ во текот на минатиот викенд го врати на повторно одлучување во парламентот сетот закони меѓу кои е и законот за слобода на вероисповедта, што предизвика остри реакции во владеачкото мнозинство, иако тоа, како што се тврди било очекувано, со оглед на тоа дека станува збор за акт кој бил дискриминаторски, а чиј иницијатор и творец е токму тој.

Парламентарното мнозинство порача дека законите повторно ќе бидат изгласани, а дека доколу Ѓукановиќ втор пат одбие да ги потпише, ќе покренат иницијатива за негова смена.

Бечиќ и Кривокапиќ: Ниту еден орган или поединец не е и не смее да биде посилен од државата

Ѓукановиќ му врати на Кривокапиќ: Не сте вие повикани да судите дали сум го прекршил Уставот

Кривокапиќ: На Ѓукановиќ гајле му е за државата штом тој не ја поседува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот