Туризмот во Грција отпорен на глобалната нестабилност, туристите има се повеќе
Туристичкиот сектор во Грција расте, покажувајќи отпорност на зголемените геополитички тензии во регионот на Блискиот Исток кои влијаеја на трендовите во туризмот низ Медитеранот, објавија денес грчките медиуми.
Препорачано
Во првиот квартал од 2026 година, бројот на туристи во Грција достигна 3,4 милиони, што е зголемување од 38,3 проценти во споредба со истиот период претходната година, според официјалните податоци од Банката на Грција, објави Екатимерин.
Приходите од туризам во земјата пораснаа уште побрзо, забележувајќи раст од 64,3 проценти, на 1,67 милијарди евра.
Претседателот удира таму каде што најмногу боли: Тие зборуваат со месеци, но ја кријат најважната работа
Овие резултати следеа по рекордна сезона во 2025 година, и покрај стравувањата дека регионалната нестабилност може да се прошири, што го одразува трендот во меѓународниот туризам.
Аналитичарите во секторот, сепак, укажуваат дека најновите податоци ги зајакнуваат позитивните очекувања дека Грција ќе забележи уште една успешна туристичка сезона.
Сѐ повеќе туристи ја заменуваат Грција со оваа дестинација — ниски цени, чисто море и помалку гужви


