Французите предвидуваат, Македонија на ЕП ќе напаѓа со Пандев и Трајковски
За нешто повеќе од еден месец ќе стартува Европското првенство на кое ќе дебитира најдобрата македонска репрезентација. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски се наоѓаат во група со селекциите на Австрија, Украина и Холандија.
Сезоната за клубовите се ближи кон крајот, а во следниот период сè повеќе ќе се насочуваат погледите кон континенталниот собир кој секако репрезентативците ширум Европа, секако оние стандардните не сакаат да го пропуштат.
За жал, меѓу патниците за Букурешт и Амстердам поради повреда нема да биде членот на италијанскиот клуб Удинезе, Илија Несторовски.
Францускиот веб портал „90min“ ги предвидува првите 11 со кои би требало да настапува нашата А репрезентација на ЕП: Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Велковски, Ристевски, Ристовски, Адеми, Барди, Елмас, Пандев, Трајковски.
Изворот воедно пренесува дека Македонија има неколку играчи кои можат да направат изненадување, а доказ за тоа е сензационалната победа минатиот месец во рамките од квалификациите за Светското првенство против Германија во Дуизбург (1:2).