Францускиот епидемиолог Фонтане: Враќање во нормалниот живот во последниот квартал од 2021 година

Фото: EPA-EFE/GEOFFROY VAN DER HASSELT / POOL MAXPPP OUT

Епидемиологот и член на Научниот совет на Франција, Арно Фонтане за РТЛ изјави дека се надева на враќање на нормалниот живот, по пандемијата на ковид-19, во последниот квартал од 2021 година. Но, оти за тоа „ќе треба поголема дистрибуција на вакцините”, додавајќи оти е „оптимист дека за шест месеци” е можно вакцинирање на целото население, јави дописникот на МИА.

– Првата цел е да се вакцинираат најранливите. Втората цел е да се запре ширењето на вирусот. За ова ќе биде потребно да се допре до најмладите и да се прошири опфатот за вакцинација кај децата. Штом потврдиме дека нема сериозни негативни ефекти од вакцината, тогаш ќе можеме да ја намалиме старосната граница, посочи професорот Фонтане и додаде дека несакани ефекти од вакцината се можни, но многу ретки.

Тој истакна дека е тешко да се предвиди колку дози на вакцини ќе бидат достапни во рок од три месеци.

– Треба да можеме да вакцинираме осум милиони луѓе до крајот на март, а потоа 12 милиони во април, нагласи тој.

Епидемиологот главно инсистираше на важноста на „свеста на глобално ниво”.

– Ќе се ослободиме од вирусот само ако играме на картата на глобален здравствен проблем и вакцините ако стигнат до сите земји во светот. Во спротивно, ризикуваме на појава од нови видови на вирусот, нагласи Фонтане кој на вчера воведениот полициски час во Франција гледа како последна можност за избегнување на целосен карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот