Францускиот авто – гигант почнува со обнова на производството

Првиот бран на парцијалната обнова на индустриските активности се планира од 4.мај.

Француската автомобилска компанија Пежо – Цитроен, една од многубројните во светот која е тешко погодена од пандемијата со корона вирусот, соопшти дека во текот на оваа недела ќе почне со постепено обновување на своите погони.

Според соопштението, првиот бран на парцијалната обнова на индустриските активности се планира од 4.мај со тоа што производството во француските капацитети ќе биде сукцесивно покренато од 11 мај, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата додава дека ќе ги зајакне здравствените и хигиенски мерки во фабриките, кои меѓу другото ќе опфатат и проверка на телесна температура на вработените, ќе се обезбедуваат маски за лице, алкохолен гел и заштитни наочари како и задолжително одржување дистанца меѓу вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот