Франција: Се урива бегалскиот камп кај Кале, евакуирани стотици мигранти

Властите соопштија дека престојот на луѓето во кампот го нарушува јавниот ред и мир.

Француските безбедносни сили утрово почнаа со уривање на бегалскиот камп во пристанишниот град Кале, во кој престојуваа стотици мигранти кои сакаат да стигнат до Велика Британија.

Мигрантите евакуирани од кампот се испраќаат главно во прифатните центри на северот на Франција, но и во другите делови на земјата. Меѓу неколку стотици мигранти има околу триесет деца.

Властите соопштија дека престојот на луѓето во кампот го нарушува јавниот ред и мир.

Околу 300 полицајци учествуваат во акцијата за уривање на кампот и евакуација на мигрантите.

Пет години по уривањето на „џунглата”, огромен камп во кој имаше до 10.000 луѓе, властите редовно ги евакуираат новите импровизирани населби во Кале, каде стотици мигранти пристигнуваат во надеж дека од таму ќе го продолжат патот кон Велика Британија. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот