Франција е идеална дестинација за Стојановски

фото: kfsm.mk

– Се нетрпение очекувам да почнам со подготовки и да се насочам кон следната сезона – велиот нашиот репрезентативец.

После потпишувањето на новиот договор со екипата на Гравелин, македонскиот репрезентативец не ги менува навиките, оние стекнати во текот на оваа сезона, за жал некомплетна, а ја предизвика пандемијата на коронавирус.

Во овој момент лигите во Франција, оние најквалитетните, се ставени во состојба на „мирување“, а капитенот на нашиот сениорски национален тим, Војдан Стојановски, одамна е дома во Скопје.

Одлично се снајде во француското првенство, па иако го пропушти стартот на ланската сезона бидејќи подоцна најде нов клуб, тој експресно се наметна како лидер и во По Ортез и во Гравелин.

Морам да напоменам и тоа дека ми одговара тој стил на игра, со многу трчање и брзи напади. Слична кошарка се игра и во шпанската лига, во која исто така одлично се снајдов. Затоа е Франција идеална дестинација за мене. Со нетрпение очекувам да почнам со подготовки, и да се насочам кон следната сезона – рече Стојановски, кој уште пред неколку месеци, веднаш по појавувањето на коронавирусот, се врати назад во Македонија.

Капитенот на нашиот национален тим не е уверен дека сезоната ќе продолжи според најавеното, во септември.

Искрено, не верувам дека постои шанса за такво нешто. И логички ако се размислува, како би се доиграла оваа сезона во септември, кога екипите треба да се веќе во наредната? Многу пореално сценарио е да се размислува за наредната. Од она што знам е дека главното прашање е дали следниот шампионат во ЛНБ да брои 18, или па да се прошири на 20. клубови учесници. И по кој систем би се одиграло, останува лигата да го даде конечниот збор. Како и да е, прво сето ова да помине, па после да дојде она најдоброто, да играме кошаркадодаде предводникот на сениорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот