ФОТО+ВИДЕО | Во конкуренција од 72 танчари: Анди Исмаили по петти пат стана светски шампион во модерен балет
На Светското првенство во модерен, џез и класичен балет што се одржа во Киелце, Полска, младиот танчар од Гостивар, Анди Исмаили постигна историски успех.
Препорачано
Во конкуренција од 72 танчери од целиот свет, 16-годишниот Исмаили го освои златниот медал со што повторно стана светски шампион во модерен современ танц, и тоа петти пат по ред. Оваа титула ја освои за првпат во 2019-та година, на само 11-годишна возраст.

Покрај златниот медал, Анди освои и сребрен медал во категоријата- Модерен балет соло за момчиња јуниори, со што го потврди својот квалитет и стана светски вицешампион. Инаку, тој е член на студиото „Брејк а лег“ од Скопје.

„Одличен и заслужено до титулата најдобар во светот!!! Браво Анди, браво Шампионе“, напишаа од студиото за танц „Брејк а лег“.

Младиот танчар на социјалните мрежи со емотивна објава се заблагодари на сите што го поддржуваат во она што го прави со задоволство и многу страст.

Видеото од победничкиот танц може да го погледнете ТУКА.
ВИДЕО | „Боли, но тоа се бара“: Танчар од Македонија го расплака жирито во хрватско шоу за таленти


