ФОТО+ВИДЕО | „Тоше, те сакаме“: Ученици и уметници се собраа во ОУ „Лазо Ангеловски“ во чест на Тоше Проески
Вчера, на 23 јануари, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче се одржа културно-уметничкиот настан „Тоше, те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески.
Препорачано
Настанот се реализираше во периодот од 12.00 до 15.00 часот и собра бројни ученици, наставници, родители, граѓани и љубители на неговата музика.

Иницијативата произлезе од жителите на општината, а беше реализирана со поддршка и коорганизација на Општина Аеродром, во соработка со детските градинки, сите основни училишта на територијата на општината и партнерите Боемот и „РВР бренд“.
Програмата беше конципирана како спој на музика, уметност и детска креативност, со фокус на хуманоста и трајните вредности што ги остави Проески.

Во рамки на настанот настапија Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Наде Талеска, Лили Акустик и Васил Ангелов, кои изведоа дел од најпрепознатливите песни од репертоарот на Тоше Проески.
Организаторите изразија благодарност до децата од градинките и учениците од основните училишта, како и до наставниците и директорите, за нивниот придонес во подготовката и реализацијата на настанот. Влезот беше бесплатен, а настанот беше отворен за медиумите и пошироката јавност.



