ФОТО+ВИДЕО | „Свадба со стил“: Водителката Елена и нејзиниот сакан Бојан стапија во брак

Моменти од свадбената прослава на Елена и Бојан / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Вистинско уживање е да се следи профилот на нашата водителка и инфлуенсерка, Елена Стефановска, позната и како Елена – „Живот со стил“, по името на нејзината емисија која ја води веќе десетина години.

Елена на својот инстаграм-профил постојано споделува интересни фотографии, како од прекрасните дестинации кои ги посетува, така и од моментите поминати со своите пријатели, семејството и нејзиниот партнер.

Стефановска ја започна годината со понуда за брак. Таа и нејзиниот партнер Бојан Најдоски за новогодишните празници отпатуваа во Москва и токму таму Елена го кажа судбоносното „да“.

А вчера, Елена и Бојан официјално стапија во брак и направија свадбена прослава во еден познат скопски хотел, за која уште долго ќе се зборува. На забавата присуствуваа најблиските пријатели, роднини и соработници на парот.

Елена во текот на вечерта смени два раскошни фустани. Традиционално, за најважниот ден од нејзиниот живот таа носеше бела светкава венчаница со корсет и прерамки. Косата ѝ беше фатена во опавче, имаше и прекрасна шминка, а целиот бајковит изглед го надополнила со круна. Во текот на вечерта водителката и инфлуенсерка се појави во полежерно издание – пократок бел фустан со мрежасти елементи и пердуви.

Според приложените фотографии и видеа на инстаграм-профилот на Елена, можеме да заклучиме дека супер си поминале, а младоженците навистина живеат живот со стил.

Честитки!

Погледнете дел од атмосферата:

Елена Стефановска
Елена Стефановска / Фото: Принтскрин/Инстаграм
Елена Стефановска
Елена Стефановска / Фото: Принтскрин/Инстаграм
Елена Стефановска
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Елена Стефановска
Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот