Елена „Живот со Стил“ се закити со веренички прстен

елена живот без стил
Фото: Принтскрин / Instagram

Иако новата 2022 година само што започна, се чини дека новогодишните желби на Елена Стефановска веќе се исполнија – за неа ова ќе биде година успешна на љубовен план!

За новогодишниот пречек Елена замина во снежната Москва заедно со своето момче Бојан Најдоски, каде ја чекаше полноќно изненадување. Имено, оваа Нова Година за неа ќе остане запаметена по тоа што таа го кажа судбоносното „да“.

„Кажав ДА“, напиша накратко Елена на англиски јазик на објавата од прстенот под диско топка.

Честитки до среќната двојка!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот