Фото: Принтскрин/Јутјуб/7News

ФОТО+ВИДЕО | „Станари од пеколот“ претвориле куќа од два милиони евра во хорор

Луксузна вила во Сиднеј вредна два милиони долари е целосно уништена откако проблематичните станари ја оставиле во катастрофална состојба.

Она што требало да биде профитабилна инвестиција во луксузната недвижност во северозападниот дел на Сиднеј, за сопствениците се претворило во вистинска агонија. Вилата, проценета на околу два милиони долари, била уништена до тој степен што ангажираните експерти за чистење морале да користат специјални заштитни одела и маски за воопшто да влезат внатре, пренесе австрлискиот портал „Њуз“.

Брачна двојка од Тасманија, кои се сопственици на оваа вила, со месеци се бореле да ги иселат проблематичните станари кои вешто избегнувале секоја контрола и инспекција на објектот.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/7News

Глетки како од најлошите хорор филмови

Дури откако конечно биле вратени клучевите, обемот на уништувањето станал јасен. Снимките што ги емитувал „7Њуз“ откриле соби затрупани со планини од ѓубре, екстремна нечистотија и сериозни оштетувања на конструкцијата на куќата. Ешли Партс-Исако, сопственичката на агенцијата за чистење, била шокирана од затекнатата состојба.

„Сè изгледаше како хорор филм! Нешто што никогаш порано не сум видела“, изјавила Ешли за локалните медиуми.

Таа нагласиla дека заштитната опрема и маските биле неопходни поради неподносливата смрдеа и ризикот по здравјето што се криеле под насобраниот отпад.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/7News

Финансиски загуби и ризик од инвестиции

Сопствениците веќе потрошиле околу 4.000 долари само за почетното професионално чистење, но тоа е само дел од трошоците, бидејќи куќата сега чека комплетна и скапа реконструкција. По повод овој бизарен случај, се огласил и Лео Патерсон Рос, првиот човек на Унијата на потстанари на Нов Јужен Велс, кој потсетил дека инвестирањето во недвижности во Австралија не е секогаш сигурна добивка.

„Луѓето инвестираат во недвижности во Австралија, но честопати не ги земаат предвид ризиците што можат да ги придружуваат таквите инвестиции“, истакнал Рос.

Тој додал и дека поранешните потстари веројатно ќе бидат трајно обележани во базите на податоци за изнајмување, што драстично ќе им го отежни наоѓањето на каков било иден кров над главата.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/7News

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот