ФОТО+ВИДЕО | Спектакуларна свадба: Турската актерка Ебру и НБА кошаркарот Џеди се венчаа во Охрид

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Турската актерка Ебру Шахин, позната по улогата на Рејан во серијата „Дива“, се омажи за НБА-кошаркарот Џеди Осман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gossip Pasta (@gossippastanew)


Спектакуларната свадба се одржа во Охрид, на брод, а потоа продолжи и во еден локален ресторан.

Убавата Ебру носеше интересна креација и необичен бел шешир. Венчаницата во долниот дел имаше асиметричен карнер од тантела, со длабок изрез во должина на ногата од едната страна. Ебру венчаницата ја усогласи со бели сандали на платформа со потпис на модниот бренд „Версаче“, кои се воедно и најголемиот моден хит оваа сезона. Додека, пак, кошаркарот на Кливленд Кавалирс за свечениот ден облече беж костум во комбинација со бели патики.

На церемонијата во Охрид присуствувале само најблиските пријатели и членови на семејството на парот.

Ова не е единствената прослава што ќе се одржи, бидејќи парот планира уште една венчавка во Турција, на плажата Чешме во близина на Измир, каде што и се запознале.

Инаку, Осман е роден во Охрид, од татко Турчин и мајка Србинка од Нови Пазар.

Со кошарка почнал да се занимава во КК Босна, а на 12 потпишал договор со Анадолу Ефес, денес двократниот актуелен шампион на Европа.

Тој помина десет години во Ефес, а од 2017 година игра во НБА за Кливленд Кавалирс.

Врската со Ебру Шахин трае долго време, а во 2021 година познатата двојка се сврши.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moda ve Sezon Trendleri (@modaoldubu)


ФОТО | Турската актерка Ебру Шахин и кошаркарот Џеди Осман ќе се венчаат во Охрид!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот