ФОТО | Турската актерка Ебру Шахин и кошаркарот Џеди Осман ќе се венчаат во Охрид!
Турската актерка Ебру Шахин и кошаркарот Џеди Осман во петок на 1 јули ќе се венчаат во Охрид. Турските медиуми пренесуваат дека Ебру во Македонија била пречекана како принцеза, а роднините на Осман ѝ приредиле голема македонска гозба на убавата актерка. Инаку, турскиот кошаркар е роден во Охрид од татко Турчин и мајка Босанка.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
Ебру Шахин, ѕвездата од популарната ТВ серија „Дестан“ и нејзиниот сакан, вчера пристигнале во Македонија.
View this post on Instagram
Таа на својот инстаграм-профил објави и фотографија со која потврди дека е во Охрид.

Како што пренесуваат турските медиуми, венчавката на познатиот пар ќе се случи на брод на Охридското Езеро, родниот град на младоженецот, а по венчавката на 7 јули свадбената веселба ќе биде во Турција.
View this post on Instagram
Имено, на церемонијата во Охрид ќе присуствуваат само најблиските пријатели и членови на семејството на парот. А, свадбената церемонија ќе се одржи на плажа во Чешме, Турција, каде што се запознале Џеди и Ебру.


