ФОТО+ВИДЕО | Микродржава во која е збрането да се носат „најгрдите влечки“ на светот
Како и секоја држава, така и оваа почива на закони и правила. На пример, забрането е да се носат „најгрдите влечки“ на светот, крокс, сирењето не смее да се јаде со гризење, наместо тоа треба да се кине парче по парче, а исто така е забрането да се пушта „мамбл рап“ музика. Слоуџамастан не е официјално призната земја од Соединетите Држави, иако пасошот е потврден од 16 земји, пишува „Пункуфер“.
Препорачано
Ги знаете оние приказни за бизарни луѓе кои своите „држави“ ги основале некаде на средина на пустина, океан или нешто трето? Ова е токму таква приказна. Овој пат ве водиме во САД , каде од самото име на оваа област во Калифорнија , можеме да заклучиме дека државата е основана од љубител на музиката.

Еден радио диџеј од Сан Диего создал своја микронација наречена „Слоуџамастан“ и се нарече „султан“ на територија од 11 хектари во Голден Стејт. Ренди „Р Даб“ Вилијамс ја посетил секоја земја на списокот на ОН (повеќе од 190 ширум светот) и прибегна кон создавање своја нација според неговите правила.
„Видов некои неверојатни места до кои многу луѓе не можат да патуваат… Следното нешто за мене беше да направам своја држава “, изјавил Вилијамс за „Фокс5“.
Тој тврди и дека пет илјади лица поднеле барање за државјанство.

Откако ја купил земјата во 2021 година, султанот Вилијамс вложил вистински напор да ја култивира нацијата и да ја стави на официјалната мапа. Земјата има национална химна наречена „Слоуџамастан“, парламент и национално животно – ракун. Има и своја валута, а султанот ја опишува владата како диктатура која повремено е демократска.
„Јас сум голем лидер кој ги поставува правилата, иако понекогаш дозволуваме заедницата да се вклучи во прашања кои се важни за Слоуџамастан“, вели Вилијамс.
Освен забраната за крокс, жителите не смеат да возат по левата лента освен ако не претекнуваат.


