ФОТО+ВИДЕО | Сензација во Катар: Меси и Аргентина на колена пред Саудиска Арабија!

EPA-EFE/Mohamed Messara

Денешниот ден на Мундијалот во Катар започна со вистинска сензација – Саудиска Арабија ја победи Аргентина со 1:2.

Не изгледаше дека Аргентинците ќе доживеат ваков шок кога Меси брзо на стартот од пенал погоди за водство. Во продолжение „Гаучосите“ напаѓаа и создаваа шанси, но одлично функционираше веројатно тактиката на селекторот на Саудијците да ги „фаќаат“ Аргентинците во недозволена позиција. Дури три гола во првиот половина час беа поништени поради офсајд. Треба да се каже дека во сите ситуации головите беа оправдано поништени.

EPA-EFE/Mohamed Messara

Заминаа на паузата Меси и друштвото со предност од 1:0, а вистински шок доживеаа веднаш на стартот. Следуваа десет минути во кои беше одлучен победникот. Прво Ал Шехри во 48. минута погодува за 1:1. Не застанаа тука, Саудијците продолжија да напаѓаат и наградата стигна четири минути подоцна. Ал Давсари со веројатно најубавиот гол досега на Светското првенство ја доведува Саудиска Арабија до предност.

 

Се обидуваа Аргентинците до крајот создаваа прилики, меѓутоа не успеаа повторно да го пронајдат патот до мрежата. Секако дека ова е сензација како што ретко кој очекуваше, посебно затоа што многумина ја истакнуваа Аргентина како главен фаворит за трофејот..

EPA-EFE/Rungroj Yongrit
EPA-EFE/Mohamed Messara
EPA-EFE/Noushad Thekkayil
Фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот