ФОТО+ВИДЕО | Ретка глетка: Принцот Вилијам и Кејт танцуваат со локалците во Белизе

кејт и принц вилијам
Вилијам и Кејт, Фото: Јутјуб-принтскрин

Обожавателите на кралското семејство беа пријатно изненадена кога ги видоја Кејт и принцот Вилијам како танцуваат на вториот ден од нивната турнеја на Карибите, пишува „DailyMail“.

Војводата и војвотката од Кембриџ ја започнаа втората посета од нивната турнеја со препуштање на љубовта кон музиката и чоколадото додека беа угостени на фарма за какао во крајбрежниот град Хопкинс.

Кралското семејство било почестено со танц за добредојде. А по танцот, следувала прошетка низ селото, а Кејт и Вилијам излегоа на подиумот во културниот центар „Гарифуна“.

Патувањето во Белизе е по налог на кралицата Елизабета Втора, која има за цел да ги зајакне врските на Обединетото Кралство со земјите од Комонвелтот.

ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пречекани со протести во Белизе: Напуштете ги нашите имоти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот