ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пречекани со протести во Белизе: Напуштете ги нашите имоти

Принц Вилијам, Кејт Мидлтон, фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон слетаа во Белизе, една од многуте членки на Комонвелтот, но нивната посета не започна баш најдобро. Дел од граѓаните на оваа мала земја на брегот на Карибите организираа протести поради кои војводите од Кембриџ мораа да го откажат својот прв ангажман таму

Белизе, мала централноамериканска земја, поранешна британска колонија и лулка на цивилизацијата на Маите, е дестинација што ја посетуваат членовите на британскиот двор од 1936 година. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја започнаа својата прва турнеја во странство по двегодишна пауза од долгите патувања.

Тие пристигнаа на Карибите полни со ентузијазам, но дел од локалното население не им приреди топло добредојде. Светските медиуми пишуваат за протестите на жителите на селото Индијан Крик, сместено во подножјето на планините Маја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Poshslosh (@xxposhslosh)

Населението на селото Индијан Крик ден пред официјалното пристигнување на кралската делегација подготви протест со плакати на кои пишуваше дека принцот Вилијам не е добредојден таму.

„Принц Вилијам, напушти ги нашите имоти“, пишува на еден, додека други ја идентификуваат оваа посета на војводата од Кембриџ со колонијализам.

Протоколот требало да го вклучи и пристигнувањето на кралската двојка со хеликоптер на фудбалското игралиште во селото, на што жителите жестоко се спротивставиле, посочувајќи дека за тоа никој претходно не ги известил ниту побарал дозвола. Дополнително, селаните истакнуваат дека нивните претпоставени политичари им наредиле да се согласат на сè и да изгледаат среќно пред камера.

За да избегне дополнителни немири, парот ја откажа посетата и во моментов размислува за алтернатива што би можела да ја замени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Belize 🇧🇿 (@belize)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот