ФОТО+ВИДЕО | Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ се ожени со 20 години помлада: Невестата со еден детаљ ја ископирала пејачката

Фото: Инстаграм

Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, турскиот пејач Мустафа Сандал се ожени со својата две децении помлада девојка Мелис Сутшуруп, а на романтичната церемонија во Рим, Италија се заколнаа на вечна љубов.

Мустафа и Мелис споделија фотографии на своите профили на Инстаграм, а на кои е облечен во црн костум, а таа во краток бел фустан. Во описот на фотографијата Мустафа кратко напиша: „Да“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)


Венчавката се одржала во турската амбасада во Рим, а свечената прослава за семејството и пријателите ќе трае дури 3 дена. Свадбата за околу 80 гости во летувалиштето Мармарис ќе трае од 10 до 12 јуни.

Сместувањето и превозот за гала прославата на гостите им го обезбедил младоженецот. Парот на 10 јуни ќе приреди „грчка вечер“ во ресторанот на хотелот, утредента ќе прави свадба во градината на истиот, а потоа со гостите ќе се симнат на плажата каде што ќе се одржи забавата. Венчавката ќе заврши со прекрасен ручек следното утро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melis Sutsurup 🌈 (@melisutsurup)


Парот, кој е во врска три години, судбоносното „да“ го изговорил во Рим, во присуство на сведоци, а во таа прилика невестата, која е во целосна спротивност на Емина Јаховик, облекла атрактивен бел костум.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, турската музичка ѕвезда баснословно ја плати и првата венчавка со Емина Јаховиќ во Истанбул, а по тој повод младенците изгледаа вака.

А, еден детаљ и двете невести го имаа истиот – мрежа преку лицата.

ФОТО | Мустафа Сандал се вери со својата сакана Мелис: „Емина е минато“

Емина Јаховиќ ќе го тужи Мустафа за 26 месеци неплатена алиментација: „Не им е платено здравствено осигурување на децата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот