ФОТО+ВИДЕО: Пандев постигна гол за „Тимот на светот“, Мурињо направи селфи со македонскиот „крал“

фото: принтскрин/facebookBrera Strumica

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец и сегашен претседател на фудбалскиот клуб Брера Струмица Горан Пандев во саботата повторно истрча на зелениот терен.

Пандев беше дел од „Тимот на светот“ предводен од славниот тренер Жозе Мурињо и настапи во ревијалниот натпревар против селекцијата на Романија која во 1994 година на Светското првенство во САД имаше одличен настап стигнувајќи до до четвртфиналето.

Инаку Златната романска генерација славеше против „Тимот на светот“ со резултат 3:2. Пандев беше од стрелците за „Тимот на светот“ во 28 минута, вториот гол беше дело на легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо (22`). На спротивната страна голови запишаа Пандуру (41`), Хаџи (64`) и Галка (71`).

Пандев играше рамо до рамо со славни познати имиња како Стоичков, Маикон, Гомеш, Ривалдо, Савиола, Панучи, Сена, Карембе и други имиња кои оставија силен печат во фудбалот.

– Навистина бев пријатно изненаден за поканата и сакам да упатам благодараност до романската фудбалска легенда Ѓорге Хаџи. Чест ми беше да играм на еден таков голем натпревар со толку многу легенди. Ова е потврда дека фудбалот нè обединува. Фудбалската маѓија не познава години, граници, боја и раса, туку таа нè спојува. Љубовта кон топката, стадионите, натпреварувачкиот дух, токму ова се случи на стадионот во Букурешт – кажа Пандев, а пренесува ФК Брера Струмица на својот фејсбук профил.

За романската селекција освен Ѓорги Хаџи настапија и легендарни играчи како Попеску, Димитреску, Лупеску, Дан Петреску, Пруена, Виореал Молдован…

Исто така португалскиот тренер Мурињо направи селфи со Пандев нарекувајќи го македонскиот „крал“. Пандев заедно со Мурињо во 2010 година кога соработуваа тогаш во Интер успеаја да ја освојат Лигата на шампионите.

фото: принтскрин/instagram.com/stories/josemourinho

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот