Јелена и Новак Ѓоковиќ/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Од Марбеља, Њујорк до Белград: Каде сè Новак Ѓоковиќ има луксузни недвижности што чинат милиони евра

Покрај импресивната спортска кариера, српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ има и респектабилно портфолио на недвижности во некои од најпосакуваните локации во светот. Од шпанскиот брег и Азурниот брег до Њујорк и Белград, секој од неговите домови е прилагоден на различна фаза од животот и потребите на семејството, пишува хрватски „Тпортал“.

Марбеља

Во последниве години, семејството Ѓоковиќ сè повеќе како главна база ја користи луксузната вила во Марбеља, Шпанија, во еден од најпрестижните делови на градот. Станува збор за имот вреден околу 10 милиони евра, со дури девет соби и осум бањи, голем базен, тениско игралиште, кино, вежбалница и пространа градина, идеален за живеење со деца.

Прво, српскиот ас ја изнајмил оваа вила (на почетокот на пандемијата на коронавирусот), а потоа решил да стане нејзин сопственик. Благата клима и фактот дека дел од нивното семејство (неговиот брат Марко исто така живее таму со години), се во близина само дополнително објаснуваат зошто токму оваа адреса им станала најважна.

Пред преселувањето во Шпанија, Новак долги години живееше во Монте Карло, каде што сè уште поседува луксузен стан. Се наоѓа во зоната каде што недвижностите чинат околу пет до шест милиони евра, со поглед на морето и препознатлива атмосфера на елитен кварт. Иако тоа повеќе не му е негова главна резиденција, тој дом и понатаму е важен дел од неговиот животен и деловен ритам.

Њујорк и Мајами

Новак инвестирал и во недвижности во САД. На Менхетен, според пишувањето на странските медиуми, купил два стана во една од атрактивните згради, за кои наводно потрошил околу пет милиони евра. Во Мајами, тој поседувал стан во елитна населба, вреден приближно шест милиони евра, со поглед на океанот и пристап до бројни содржини.

Пентхаусот на Ѓоковиќ во Њујорк/Фото: Принтскрин/Јутјуб/@PLAYTIME0786

Белград

Иако живее низ целиот свет, Ѓоковиќ не го заборавил својот роден град. Во Белград, тој е сопственик на пентхаус од околу 250 квадратни метри во елитната населба Вест 65, со голема тераса и базен, во модерна станбена зона сместена во една од најелитните нови згради во главниот град, каде што преовладува модерната архитектура и има високо ниво на безбедност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Космај

Раскошниот имот на планината Космај се наоѓа во мирна област во срцето на Шумадија, на околу 60 километри од Белград. Тој и Јелена станале сопственици на овој имот кон крајот на 2020 година, кога го купиле од Елена Караман, поранешна сопруга на Југослав Кариќ, со која семејството Ѓоковиќ одржува пријателски односи. Неговата вредност се проценува на околу 3 милиони евра. Огромниот имот вклучува главна куќа од околу 400 квадратни метри, украсена со природни материјали како дрво и камен, како и внимателно осмислена градина со овоштарници, со зеленчук и базен. Целиот имот, вклучувајќи ја и камената пештера, е замислен како складен спој на префинета удобност и живот во контакт со природата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Karaman (@elenakaraman.essence)

Тиват

Во Црна Гора, во Порто Монтенегро во Тиват, тој има стан чија вредност се проценува на повеќе од два милиони евра. Се одликува со модерен ентериер во светли нијанси, со големи стаклени панели кои го отвораат погледот кон морето и пристаништето. Самиот комплекс нуди врвни содржини, од ексклузивни ресторани и бутици до марината со јахти, поради што е една од најпосакуваните адреси на брегот и се вбројува меѓу вредните недвижности на Новак.

Павловачко езеро

Една од недвижностите на Ѓоковиќ во Србија се наоѓа во близина на Павловачкото езеро. Вилата се протега на повеќе од илјада квадратни метри, има сауна, вежбалница и приватна винарија. Сепак, најсилниот впечаток го остава надворешноста: базен со вештачка пештера и водопад, уреден двор и директен контакт со природата го прават овој имот уникатен.

Атина

Семејната вила е опкружена со висока ограда и има приватен двор уреден според најновите трендови, што им гарантира целосна приватност. Куќата има и сауна, совршено место за Новак да се опорави по напорните тренинзи. Во близина има и тениски терени, каде што Ѓоковиќ поминува многу време во активен тренинг, но и во игра и и вежбање со своите деца.

ФОТО | Новак ја бакнува, Јелена се „топи“: Вака ја честиташе Нова година сопругата на Ѓоковиќ

Недвижнините на Ѓоковиќ, вила на езеро и кралски пентхаус (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот